Утрински Весник
Економија

СДСМ: Мицкоски ем се фали со туѓи инвестиции, ем не може цеолосно да ги реализира

1729964432 Sdsm.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Христијан Мицкоски продолжува да ги поткопува економските можности за граѓаните и да нанесува сериозна штета на економијата.

Ем се фали со туѓи инвестиции Мицкоски ем не може да ги реализира целосно.

Инвестицијата на „Бреинчајлд” во индустриската зона Жабени, која беше најавена за време на владеењето на СДСМ, од првично планираните 13,5 милиони евра и околу 530 нови работни места, денес со потпис на Мицкоски е сведена на 8,5 милиони евра и едвај 200 вработувања.

ВМРО-ДПМНЕ ја намали вредноста на инвестицијата за 5 милиони евра и успеа да го преполови бројот на планирани работни места. Наместо амбициозен проект што ќе донесе стабилни приходи и нови можности за граѓаните на Битола и регионот, новата влада успеа да ги предомисли инвеститорите и ги стави интересите на граѓаните во втор план.

Додека СДСМ водеше економски политики кои создаваа услови за реализација на нови странски инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ само во првите неколку месеци од своето владеење покажа дека економијата ќе ја втурне во провалија.

Разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во односот кон странските инвестиции не е само прашање на бројки, туку на стратегија и визија за економскиот развој на државата. СДСМ создаде систем што беше привлечен за инвеститорите, поставувајќи ги условите за транспарентно работење, стабилни институции и поддршка за долгорочни инвестиции што носат стабилни работни места и придонесуваат за растот на економијата. Владата на СДСМ ја осигури довербата на странските инвеститори и со тоа ги зајакна позициите на македонската економија на меѓународната сцена.

Од друга страна, новата влада под водство на Мицкоски покажува сериозен недостаток на способност да ги задржи и реализира овие инвестиции. Наместо да ги унапредува постигнатите односи со странските партнери и да вложува во нови економски иницијативи, поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се намалува бројот на работни места и износот на инвестиции, кои веќе беа договорени.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија