Утрински Весник
Свет

Во руските напади врз Украина досега загинаа 589 деца, а 1.681 се ранети

20241112103310 Big 730x400 47.webp.webp

Мајка и нејзините три деца загинаа во руски ракетен напад врз Криви Рих доцна синоќа, објави денеска гувернерот на тој град во централна Украина, Олександар Вилкул, а украинските медиуми објави јазбирни податоци за жртвите на децата од почеток на руската агресија против Украина.

Телата на четири жртви биле извлечени од урнатините од спасувачки тим откако балистичка ракета погодила петкатница во тој град, јавува Радио Слободна Европа.

Во исто време, украинските медиуми денеска објавија дека во руските напади досега се убиени повеќе од 2.270 деца – 589 се убиени, а најмалку 1.681 дете се ранети.

-Повеќе од 2.270 деца беа погодени од руската воена агресија во Украина. До утрото на 12 ноември 2024 година, според официјалните податоци на обвинителот за малолетници, загинале 590, а повеќе од 1.681 се повредени од различен степен, се вели во извештајот на Канцеларијата на главниот обвинител објавен на Телеграм.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме