Утрински Весник
Македонија

Министерката Божиновска ќе се обрати на панелот „Патот кон нула-енергетски згради на Балканот“

Viber Image 2024 11 11 12 04 57 530.jpg

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, ќе се обрати на панел-дискусијата „Патот кон нула-енергетски згради во поширокиот Балкански регион“, која се одржува во рамки на климатскиот самит COP29 во Баку, Азербејџан. Овој значаен настан има за цел да ги истражи можностите за зголемување на енергетската ефикасност во градежниот сектор и да ја истакне неговата улога во одржливиот економски развој и енергетската безбедност во регионот.

На панелот покрај министерката Божиновска, ќе учествуваат и истакнати претставници, меѓу кои

  • г-ѓа Ивана Живковиќ, директорка на Регионалното биро за Европа и Комонвелтот на независни држави (ЗНД),
  • г-ѓа Јована Јоксимовиќ, помошник министер за рударство и енергија за меѓународна соработка и европска интеграција, Србија,
  • г-ѓа Каролина Новак, државна секретарка во Министерството за енергетика на Молдавија,
  • г-дин Еуан Лоу, регионален лидер за Централна и Јужна Африка/поранешен лидер за портфолиото на јавниот сектор за енергија, инфраструктура, транспорт и индустрија, Зелен климатски фонд,
  • г-дин Иван Булатовиќ, главен извршен директор на Електропривреда на Црна Гора,
  • г. Филипо Берарди, виш специјалист за климатски промени, Глобален еколошки фонд

Панелот ќе се фокусира на повеќе клучни теми: улогата на енергетската ефикасност во исполнување на Парискиот договор, пазарните бариери за ефикасни технологии во градежниот сектор, активностите на УНДП и партнерите за поддршка на енергетската ефикасност во јавните и приватните објекти во регионот, како и препораките од најновиот УНДП документ „Патот кон нула-енергетски згради во поширокиот Балкански регион“

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ