Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: Уште 50 милиони евра за решавање на суштинските проблеми на општините!

Vlen.jpeg

Интегрален текст од соопштение на Коалиција Вреди:

Со дополнителните 50 милиони евра што ги обезбедивме преку договор со Европската инвестициска банка, правиме уште еден чекор за подобрување на условите за живот за сите граѓани, без исклучок. Како и предходно, со фондот од 100 милиони евра, овие средства нема да бидат распределени само на некои општини, туку на сите локални власти без разлика.

Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање  ги враќа средствата од централниот буџет, кои ќе бидат распределени според утврдената методологија и претставуваат неповратни субвенции за општините. Сето ова ја докажува целосната посветеност на коалицијата ВРЕДИ за целосна децентрализација на општините, што беше и наша заложба во изборната платформа на парламентарните избори.

Додека ДУИ во општините со мнозинско албанско население ги остави без инфраструктура, вода за пиење и непокриена канализација, коалицијата ВЛЕН распределува буџетски средства за граѓаните да не се соочуваат со суштински проблеми за живот.

Оваа дополнителна инвестиција од 50 милиони евра е важен чекор за подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и квалитетот на животот на граѓаните. Овој фонд ќе опфати различни развојни проекти насочени кон: Подобрување на патната инфраструктура, изградба и одржување на патишта за олеснување на сообраќајот и поврзувањето меѓу општините. Како и проекти за зачувување и заштита на животната средина за да се гарантира одржлива иднина за идните генерации. Затоа ги повикуваме општините да аплицираат за овие средства со потребната документација, за да им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните.

Коалицијата ВРЕДИ, со распределба на средства во општините каде што гравитираат Албанците, ќе обезбеди општините да имаат автономија да управуваат со инвестиции и капитални проекти во интерес на благосостојбата на граѓаните.
Нашата порака е јасна: ВРЕДИ е искрено посветена на зајакнување на општините и подобрување на животот на граѓаните низ целата земја.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме