Утрински Весник
Балкан

Во Хрватска ќе штрајкуваат вработените во здравствениот систем поради ниски плати

Hrvatska.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Хрватска денеска ќе се одржи штрајк во дел од здравствениот систем поради незадоволство од платите при што нема да работат околу 4.000 радиолошки техничари, лаборанти, здравствени работници, медицински сестри и фармацевтски техничари кои се членови на еден од синдикатите – Заедно. Со штрајкот ќе бидат опфатени дури 58 здравствени установи.
Според најавите на синдикатот и покрај штрајкот ќе се интервенира за итни, животозагрозувачки и онколошки пациенти.

Според синдикатот, ним ќе им се придружат колегите возачи на Брза помош во 11 жупании, поради платите кои и покрај последната корекција се уште се прениски. 

Иако работодавачите во последните денови често контактираат со нив, тие нема да се откажат од штрајкот. Сепак, се надеваат дека тоа ќе трае кратко и очекуваат покана од ресорното Министерство за продолжување на преговорите, јавија хрватските медиуми.

Од ресорното министерство ги смируваат пациентите и велат – нема да има блокада на системот. На синдикатите им најавуваат дека нелогичностите што ги наведуваат ќе се обидат да ги решат преку надлежниот Совет. 

Можете да прочитате

Утре втори парламентарни избори во Косово

Грчките актери излегоа на штрајк во барање за колективни договори

ГП ,,Евзони” е блокиран за секаков вид сообраќај