Утрински Весник
Македонија

На Лидија трагата и се губи во Лисиче – Семејството моли МВР да се вклучи поактивно во потрагата

Screenshot 20241108 125234 Facebook 1 1.jpg

Трет ден ја нема Лидија Трајковска од скопско Јурумлери, а според зборовите на семејството, трагата и се губи во Лисиче кога оди кон Вардар, информација која ја добиваат по преглед на камерите.

Братот на Лидија, Александар Јосиќ во разговор со 24Инфо истакна дека не е задоволен од ресурсите кои ги вложува македонско МВР, молат за поголема ангажираност околу случајот и велат веќе помош побарале од српско МВР, а ќе продолжат да бараат помош и од сите останати соседни земји. Тие бараат во потрагата да се вклучи и куче трагач, но како што им било кажано во моментов има само едно куче кое не е во можност да се вклучи во потрагата.

Денес имале уште една дојава дека Лидија е видена околу Соборната црква во центарот на Градот, но како што велат тие самите го пребарале веднаш теренот и не е пронајдена никаква трага.

Како што дозмаваме, за случајот со барање пари од страна на семејството за да добијат информација, велат веќе полицијата открила за кого се работи по вештачење на телефонот и откриваат дека се разбори за човек со криминално досие, затвореник.

Јосиќ бара помош од сите граѓани кои би можеле да знаат нешто околу исчезнувањето на неговата сестра Лидија, и замолува секоја информација да ја пријават кај него (078/431-680) и во полиција.

Можете да прочитате

Левица со амандмани бара изградба на „Чебрен” и гасификација на Македонија

Конкурс за преводи на драмски дела 2025

Јавна расправа за кандидатите за именување на членови на Советот на АВМУ