Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за средбата со „Рош“: Целта е граѓаните да добијат врвни здравствени услуги

09112024 Mickoski 10.jpg

Се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени, вака накусо премиерот Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање околу неговата средба со раководството на компанијата „Рош“.

-Во напредна фаза сме, станува збор за една од првите три комапнии во светот која тука одреден период не беше пристуна. Конечно, се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкуреннти цени. Тоа не значи дека ќе го намалиме обемот на средства што ќе се инвестират. Обемот ќе остане ист, поентата е во намалувањето што ќе го добиеме, да го зголемиме бројот на осигурениците кои бесплатно ќе ја користат таа услуга. Се обидуваме со стратегија, директно во разговори со големи гиганти и производители на лекови, да обезбедиме конкурентни ниски цени, да не биде како до сега, цените да се зголемуваат, па да се празни Фондот, објасни Мицкоски.

Тој потсети дека на почетокот од мандатот, оваа Влада ја прошири позитивната листа со лекови.

-Заштедивме неколку милиони евра на граѓаните. Лично сум вклучен во делот на здравството и следниот период ќе работиме на подобрување на услугите, но и на услвоите за работа на здравствените работници. Почнавме темелни преговори со синдикатите. Неделава очекуваме напредок, за кон крајот на неделата да излеземе со уште едно решение за проблемите напластени со годините. Целта е граѓаните да добијат врвни здравствени услуги, повтори Мицкоски.

Можете да прочитате

Кај Пештани пронајдени околу 100 метри рибарски мрежи со 239 риби

ФЕС: Вработени, а сиромашни – граѓаните работат по две,три работи за парче леб 

Три скопски клиники добија нови директори – Андреевски на Гастро, Караѓозов на Дигестивна, Србов на Пластична