Утрински Весник
Спорт

Најдобриот велосипедист има најголема плата и откупна клаузула од 200 милиони евра

000 36432c2.jpg

Тадеј Погачар (26) имаше неверојатна година. Словенечкиот велосипедист по трет пат победи на Тур де Франс, славеше на Џиро д’Италија и ја освои титулата светски шампион. Претходно ова им успеа на Еди Меркс во 1974 година и Стивен Рош во 1987 година.

Фантастичната сезона е наградена со продолжување на договорот со тимот на ОАЕ Емирати до 2030 година. „газета дело Спорт“, ги откри деталите од договорот што го прави најплатен велосипедист во светот.

„Никој во светот на велосипедизмот не ги достигна овие бројки“, истакнуваат италијанските медиуми и потсетуваат дека Словенецот е дел од тимот на Емирати од 2019 година.

Досега Погачар заработуваше седум милиони евра по сезона, не сметајќи ги бонусите, додека според новиот договор ќе има осум милиони евра. Тоа значи дека до крајот на договорот ќе заработи околу 50 милиони евра. Доколку некој друг тим сака да го доведе, на ОАЕ ќе треба да им плати отштета од 200 милиони евра колку што е откупната клаузула на Погачар.

„Овој тим е моето семејство. ОАЕ беа првиот тим кој праша за мене кога бев дете. Заедно имавме големо влијание на велосипедизмот. Горд сум на она што го постигнавме во текот на овие шест години”, рекол Погачар.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига