Утрински Весник
Свет

Тројца Либанци убиени во израелски напад врз градот Сидон

Libanska Armija.jpg

Во израелски напад врз јужниот либански град Сидон загинаа тројца либански државјани, а тројца војници беа ранети, соопшти вчера либанската армија, а малезиската влада соопшти дека шест членови на нејзините сили УНИФИЛ се повредени.

Целта на нападот бил автомобил додека поминувал покрај контролниот пункт, при што загинале тројца Либанци кои биле во возилото, се вели во соопштението на армијата.

Ранетите војници служеле на контролниот пункт, додека погодените припадници на УНИФИЛ биле во мировно возило на ОН кое во тој момент минувало низ контролниот пункт, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд