Утрински Весник
Свет

Потона рибарски брод во Јужна Кореја, двајца загинати, 12 исчезнати

Juzna Koreja Spaseni Brod.jpg

Две лица загинаа, а 12 се уште се водат како исчезнати откако рибарски брод потона рано утринава во водите кај јужнокорејскиот остров Џеџу, изјави претставник на градската управа Џеџу.

Властите изгубија трага на бродот од јужнокорејскиот пристанишен град Бусан во раните утрински часови, рече официјалниот претставник. Бродот превезувал 27 лица, а меѓу спасените има и странски државјани, рече тој, додавајќи дека двајца јужнокорејски државјани загинале.

Крајбрежната стража на Јужна Кореја добила повик за помош во 4:33 часот по локално време, лоцирана на 24 километри од брегот на Џеџу, објави новинската агенција Јонхап.

Претседателот на државата Јун Сук Јеол нареди распоредување на сите расположливи ресурси за операцијата за пребарување и спасување, соопшти неговиот кабинет.

Можете да прочитате

Авионот со Урсула фон дер Лајен остана без навигација, Русите се осомничени (ВИДЕО)

Шангајската организација за соработка ги собира најважните евроазиски лидери, здружувајќи ги силите против Западот

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обеида убиен во израелски напад