Утрински Весник
Македонија

ДОАЃААТ СНЕГУЛКИТЕ: Следната седмица особено студено, наутро температури близу -10 степени!

Meteoalarm.mk 15.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Студениот период кој не зафати деновиве ќе се задржи и во следниот период, па и во текот на речиси цела наредна седмица. Покрај ова, следната седмица ќе биде уште постудена од оваа со максималните дневни температури кој на многу места нема да надминуваат 10 степени, па и ќе се задржат под 10 степени. Само во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 14 степени.

Мора да напоменам дека особено наутро и тоа во почетокот на следната седмица ќе биде особено студено со минимални температури кои во поголем дел од државава и понатаму ќе се спуштаат под нулата. Понекаде, особено на високите места, како и во Беровскиот регион наутро температурата се очекува да се спушти дури до близу -10 степени.

Исто така, во почетокот на следната седмица ќе има и повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките места  и на планините ќе има повремен снег, со што можно е да се формира помала снежна покривка. Не се исклучува можноста за прв пат оваа сезона по некоја снегулка да провее и  на местата со помала надморска височина.

Се на се, зимата  и тоа како ја чувствуваме деновиве, особено во ноќните и во утринските часови, а со уште поголем интензитет ќе ја чувствуваме следната седмица.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер