Утрински Весник
Скопје

ОТСТРАНЕТИ 60 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИВО ОПШТИНИТЕ ЧАИР, ЦЕНТАР И КИСЕЛА ВОДА

Viber Image 2024 11 06 23 21 08 845.jpg

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Кисела Вода.

Во општината Чаир се отстранети вкупно 20 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложен на јавни и сообраќајни површини на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на детската градинка „Снежана“ и ООУ „Васил Главинов“ . Во оваа општина е интервенирано и на улиците Ресенска и Струмичка.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и околу 10 кубни метри градежен отпад одложен на сообраќајна површина веднаш до Агенцијата за вработување, на улицата Васил Ѓоргов во општината Центар.

Воедно, во текот на вчерашниот ден се отстранети и вкупно 30 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Димо Хаџи Димов, Михаил Чаков, Христо Татарчев, Ѓорѓи Димитров, Вера Јоциќ и Антон Попов во скопската општина Кисела Вода.

Можете да прочитате

Без вода утре МАНУ, Основен суд 2, ТЦ „Мавровка“, МКЦ, НУБ, УКИМ и други објекти, како и дел од чаршијата

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација нема да работат за време на празникот

Ѓорѓиевски: Овој ден е силен потсетник за важноста на волонтерството