Утрински Весник
Македонија

Трошоците на живот во октомври пониски за 0.7%, а цените на мало за 0.1%

Market Raf Sistemleri Nedir.jpg

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на септември годинава, бележи намалување од 0.7, а цените на мало за 0.1 отсто. Во споредба, пак, со отомври 2023 година, трошоците на животот се зголемени за 3.5, додека цените на мало за 3.9 проценти – соопшти Државниот завод за статистика.

Намалувањето на инфлацијата во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 2.2 %, Ресторани и хотели за 1.5 %, Рекреација и култура за 0.9 %.

Во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3.4 %, Облека и обувки за 1.4 %, Транспорт за 0.7 %, Здравје за 0.3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и комуникации за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Можете да прочитате

На ГП „Ќафасан“ албанската полиција спречи шверц на 1,8 тони нафта при влез од македонска територија

Доделени се околу 80% од ваучерите за купување инвертер клими

Полицијата ќе казнува – мора да го имате ова во возилото