Утрински Весник
Македонија

Општина Радовиш му додели плакета за животно дело на Ванчо Чифлиганец

1 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На свечената академија по повод 80-годишнината од ослободувањето на Радовиш, Ванчо Чифлиганец го доби највисокото признание, 6-Ноемвриската плакета за животно дело. Во образложението на одлуката на Општина Радовиш стои дека името на Ванчо Чифлиганец го красат многу титули, професор, доктор, филантроп, дека неговата биографија е долга и богата. Дека е човек кому сè му оди од рака во професионалниот и приватниот живот, но и дека тој никогаш не го заборава родниот крај и своето огниште, од каде одамна излегол, носејќи го својот Радовиш во срцето.

Признанието за животно дело, на Чифлиганец му е доделено за неговиот значаен придонес во унапредувањето на економијата, стандардот, спортот и социјалниот живот во Радовиш, во времето на директорувањето со некогашниот рудник „Бучим“. Чифлиганец беше пратеник во два мандати во Собранието на Македонија. Неговата градежна компанија „Адора инженеринг“ 22 години континуирано се развива и унапредува, ширејќи го бизнисот во повеќе економски сфери и географски подрачја.

Можете да прочитате

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата