Утрински Весник
Македонија

Владата останува на ставот дека предвремени избори ќе нема, вели Митева

Marija Miteva.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата останува на ставот дека не треба да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври идната година, истакна портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Притоа не ги коментираше ставовите на опозицијата дека Владата во изминативе пет месеци не направила ништо за граѓаните, ниту пак за заклучокот од средбата меѓу претседателот на ДУИ, Али Ахмети и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас дека за доброто на државата заедно со локалните треба да се случат и парламентарни избори.

– Како Влада остануваме на ставот дека предвремени избори се само дополнителен трошок, одговори Митева.

За ставот на опозициската СДСМ дека шпекулациите за раскол во партијата доаѓаат од кујната на власта, од Владата немаат коментар.

– Очигледно станува збор за политичка опција во којашто се случуваат многу голем број на проблеми, но како влада нема да коментираме за тоа што се случува во рамки на нивната политичка партија, рече владината портпаролка Марија Митева.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен