Утрински Весник
Македонија

Наутро студено, во текот на денот сончево со температури до 19 степени

Ezero.webp.webp

Наутро времето ќе биде студено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот времето ќе биде сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Според прогнозата на УХМР, до сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и постудено, а во понеделник наместа се очекуваат повремени врнежи. 

Можете да прочитате

Филозофски факултет Скопје прва високообразовна установа во Македонија што воспостави сопствен AI екосистем со сопствена AI инфраструктура

Филипче: СДСМ нема да биде контролирана опозиција

Македонија со нов договор со САД: Поголем извоз, нови инвестиции и економска соработка