Утрински Весник
Македонија

Трајко Славевски или лаже, или навистина не го знае деловникот за работа на Советот кој го води, одговорија од Град Скопје

Arsovska Slaveski Qbpwxt46rj7wspnvl4wyyhdyhwyza3uwlhb1t1xf34.png

Трајко Славевски или лаже, или навистина не го знае деловникот за работа на Советот кој го води, велат од град Скопје, откако претходно претседателот на Советот на Град Скопје одговори на барањата на приватните превозници и кажа дека разговори може да бидат иницирани само од градоначалничката Данела Арсовска.

„Имено, поврзано со барањата за измени на условите за приватните превозници вклучително и цената за овој превоз ги утврдува Советот на град Скопје, оттука јасно е дека барањето на приватните превозници е упатено на вистинска адреса до претседателот на Советот на град Скопје и до советниците“, велат од град Скопје и додаваат:

„До овој момент, Градоначалникот има доставено свое мислење во врска со барањето на приватните превозници а свое мислење има доставено и Управниот одбор на ЈСП до претседателот на Советот Трајко Славевски. Време е Трајко Славевски да го научи Деловникот и да превземе одговорност за блокирањето на работата на Град Скопје“.

Можете да прочитате

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо