Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Казни од камерите на улиците очекувам в година

Kameri Nadzor Patista.jpg

Казни за прекршоците што ќе ги регистрираат камерите поставени на улиците ќе има од следната година.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и покрај најавите дека камерите ќе почнат да функционираат до крајот на годината во рамките на проектот „Безбеден град“, денес извести дека најоптимистички камерите би можеле да бидат ставени во функција од јануари.

„Да речеме дека сè уште немаме целосна покриеност со технички уреди, односно камери на територијата на град Скопје, како што е утврдено во рамките на проектната документација. Колку порано би можело да се имплементира овој проект, толку би било подобро за сите нас имајќи предвид дека жртви на сообраќајни незгоди на годишно ниво во Македонија имаме со трицифрен број и тоа е страшно. Реалноста е таква каква што е. Ќе треба да се направат одредени законски измени и да се утврдат точните чекори за на крајот на денот да имаме систем што ќе го казни секој оној што управува моторно возило спротивно на законот исклучувајќи го човечкиот фактор во рамките на целокупната постапка од аспект на носење одлука дали треба или не треба да биде казнет. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект. Јас би бил пресреќен да биде во јануари, но и со декември ќе бидам задоволен“, рече министерот Тошковски по денешната конференција на тема „Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент“.

При пробното пуштање во употреба годинава камерите регистрираа и по 5.000 прекршоци за само два часа. Министерот Тошковски вели дека ваквите бројки се страшни и уверува дека откога ќе бидат пуштени во употреба, десеткратно ќе се намали тој број оти граѓаните ќе знаат дека има систем што ќе ја казни секоја грешка.

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност