Утрински Весник
Македонија

ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ УШТЕ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: Доаѓа првата бела покривка за оваа сезона

Meteoalarm.mk 13.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на уште постудена воздушна маса од север, почетокот на следната седмица ќе донесе уште пониски температури на воздухот за разлика од сегашните, а ќе има  и повеќе облачност.

Особено во понеделник ќе има и повремени локални врнежи од дожд на ниските места, додека на планинските  и повисоките места ќе има повремен снег, со можност за формирање на тенка снежна покривка.

Не се исклучува можноста по некоја снегулка да провее  и на помала надморска височина (под 1000 метри надморска височина), па така услови за провејување на првите снегулки за оваа сезона во понеделник ќе има во повисоките населени места.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

И во Скопскиот регион во почетокот на следната седмица ќе биде постудено, а во понеделник ќе има услови за повремен локален дожд.

Што се однесува до температурите, наутро тие во почетокот на следната седмица ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 6 до 15 степени во најтоплите југоисточни предели.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер