Утрински Весник
Македонија

Петрит Сарачини, Жарко Трајановски, Ардит Рамадани се добитници на наградата „Илија Жупаноски“

Petrit I Zharko So Nagradata.jpg

Добитници на годишната награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите, која оваа година се доделува за прв пат, се Петрит Сарачини и Жарко Трајаноски за нивната емисија „Полиграф“ во продукција на Институтот за медиуми и аналитика во соработка со ТВ Алсат.

Телевизискате емисија Полиграф на ИМА и на Сарачини и Трајаноски се емитуваше две сезони на националната телевизија и тоа е единствениот случај една ваква емисија да се емитува на национална мрежа во регионот.

Наградата „Илија Жупаноски“ за едукативна мултимедијална содржина подготвена од млади каде што на креативен и комуникативен начин, со употреба на новите технологии, се разболичуваат дезинформациите и пропагандистичките тенденции му припадна на Ардит Рамадани,

Наградата на Рамадани му припадна за анализата „Хистеријата на медиумите во врска со полот на алжирската бкосерка Имане Калиф“ која како како кејс стади предизвика огромен интерес во земјата и во светот.

Жири комисијата за доделување на наградата „Илија Жупаноски“ одлучи да додели и посебно признание за придонесот во борбата против дезинформациите од младите наменети за младите на тимот на Канал 77 предводен од Весна Коловска од Канал 77.

Членови на жири комисијата која оваа година одлучуваше за наградата се Билјана Георгиевска СЕММ, Катерина Блажевска, Дејан Донев, Арта Тахири и Назим Рашиди.

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност