Утрински Весник
Македонија

Филипче: Денот на ромскиот јазик е потсетник за важноста на културната инклузија и почитувањето на различностите

Venko Filipche.jpg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го честита Денот на ромскиот јазик – јазик кој е неразделен дел од културата и идентитетот на Ромската заедница, но и на богатството на нашето заедничко мултиетничко општество.

„Како Претседател на СДСМ, упатувам искрена честитка до сите граѓани, особено до припадниците на Ромската заедница, кои со гордост го негуваат и пренесуваат овој јазик низ генерациите.

Преку промоција на ромскиот јазик, не само што ја зачувуваме традицијата и историјата на еден народ, туку испраќаме и силна порака за почитување на различностите и за нашата заложба за инклузивно општество, во кое сите граѓани имаат еднакви можности и права.

Нашата партија, СДСМ, останува посветена на градење на држава во која културните и јазичните богатства на секој народ ќе бидат признаени и вреднувани. Нека овој ден биде потсетник за значењето на ромскиот јазик и за нашата заедничка одговорност да го зачуваме како дел од богатото културно наследство на нашата земја“, вели Филипче.

Можете да прочитате

Го убил татко му па лажел дека паднал во бањата, уапсен млад гостиварец

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

СДСМ: Дали по поразот може и Орбан заедно со Груевски да дојде во Македонија?