Утрински Весник
Балкан

Обвинителството во Нови Сад: Сослушани вкупно 48 лица, денеска уште петмина

Urivanje Zid Novi Sad.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, во врска со трагедијата на 1 ноември кога се урна бетонска настрешница од зградата на железничката станица во тој град, во изминатите три дена сослуша вкупно 48 лица, а денеска е побарано сослушување на уште пет луѓе.

Во тој период, од повеќе различни институции, правни и физички лица, одземена е соодветна документација, чија детална анализа е во тек, а наредено е и потребното вештачење за утврдување на причината за уривањето на настрешницата, пропустите кои довеле до истото, како и одговорностите на лицата, беше соопштено од обвинителството.

По увидот, местото на настанот е расчистено, со оглед дека се работи за јавна површина, а заради обезбедување докази градежните остатоци од урнатата настрешница по барање на јавен обвинител се преместени на безбедна локација каде се под континуираниот надзор на службениците на Полициската управа во Нови Сад.

Пристапот до таа локација е забранет, освен со претходно одобрение на обвинителството.

Можете да прочитате

Студентска акција во Србија „Распиши победа“: Студентите собираат потписи на речиси 500 локации

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци

Албанскиот водител Елтон Тозај тешко претепан на автопатот Тирана–Драч