Утрински Весник
Македонија

Наутро студено, во текот на денот сончево

Soncevo Park Most.webp.webp

Времето денеска – наутро студено со услови за слаба магла или ниска облачност по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степен.

Во Скопје утрото постудено со услови за појава на слаба магла, а преку денот претежно сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во наредните денови, информираа од УХМР, ќе продолжи периодот на претежно сончево време но со постудени утра, а минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Дневната температура ќе достигнува најмногу до околу 20 степени. 

Можете да прочитате

ПИПЕРКИТЕ ЗАВРШУВААТ ПОД ТРАКТОР: Откупот 15 денари, производството чини 26

Тренчевска: Стоилковиќ не е достоен да биде министер – дали ќе се извини и ќе поднесе оставка за навредите кон  пратениците и граѓаните? 

Огнот проголта 20 дуќани во Шуто Оризари – зад себе остави само пепел