Утрински Весник
Македонија

За амбициозните средношколци кои знаат дека можат повеќе: Новиот NU Колеџ за средношколци ги подготвува за реалниот свет

Whatsapp Image 2024 11 04 At 16.42.45 3c01374b.jpg
Dik 300x250 mk

Успешна академска и професионална кариера и заработка за успешно завршен проект уште во средношколските денови се главните карактеристики на NU College – Првиот колеџ за средношколци во Македонија (NU Колеџ). NU е единствениот колеџ на кој средношколците стануваат претприемачи, дизајнери, програмери и инфлуенсери.

NU Колеџот за средношколци започнува со работа оваа есен, а во тек се уписите на првата генерација за која слободни се само 150 места.

NU Колеџот е дел од едукативно-технолошкиот центар „Бреинстер“ (Brainster) кој го прошири своето портфолио и ја преточи својата експертиза кон средношколците креирајќи нови и револуционерни програми кои ќе го надополнат образованието стекнато во средно училиште со релевантни вештини и практично искуство.

Практичните програми на NU Колеџот за средношколци траат шест месеци и претставуваат воншколска активност која содржи две интерактивни работилници секоја недела. Фокусирани се на истражување и откривање на потенцијалот и интересите на средношколците, што е неопходно за тие да бидат сигурни во понатамошниот избор на студии и кариера. Преку уникатниот практичен пристап „креирај, па учи“, средношколците ќе навлезат во еден нов свет на работа на реални проекти за вистински компании и ќе научат како да заработуваат уште во средно.

Доколку ова до сега изгледа привлечно, еве конкретно како секој средношколец може да дојде до посакуваната кариера. Секоја програма е осмислена за да ги поврзе младите со модерните технологии и релевантните вештини за пазарот на труд, поконкретно:

Веб програмирање x AI: За да им овозможи да создаваат модерни и функционални веб-апликации, да развијат бизнис вештини и со нив да ги претворат идеите во профитабилни проекти.

Графички дизајн x AI: За да научат да создаваат визуелно привлечни и професионални дизајни, од логоа и постери до целосни бренд идентитети за реални брендови.

Инфлуенсер маркетинг x AI: За да станат инфлуенсери и дигитални креатори штом научат како да создаваат дигитални содржини за реални брендови и продукти и како да заработуваат од нив.

Тимот од искусни ментори, експерти во својата област, ќе ги надмине традиционалните наставни методи и ќе го направи учењето интерактивно и инспиративно. Методологијата на учење е заснована на вештачка интелигенција (AI) и гарантира релевантност на стекнатите вештини и знаења на подолг рок.

„NU Колеџот го создадовме за да го редефинираме искуството што средношколците го имаат од формалниот систем на образование. Имаме акумулирано знаење, искуство и уникатна методологија на учење и токму затоа чувствуваме должност да го пренесеме тоа на младите и со тоа да го промениме нивниот начин на размислување кога ќе се спомене образование“, вели Петар Ниновски, основач на образовниот центар Бреинстер, а сега и на NU колеџот за средношколци.

Стекнатото практично искуство не е единствената предност на NU Колеџот, додава Ниновски. Програмите кои средношколците ќе ги изучуваат се на ниво и со фонд на часови на практичен предмет во високо образование, изработени по рамката на ЕКТС акредитација. Тимот на NU моментално работи на остварување соработки со врвни универзитети од соседството и од Европа, односно на обезбедување конкурентска предност при упис таму на средношколците кои ќе завршат успешно некоја од NU програмите.

„Програмите се засновани на 80% практична работа на реални проекти. Практичното искуство ќе развие претприемачки начин на размислување и ќе ги подготви средношколците за претстојниот академски и кариерен пат. Ние веруваме во учење преку работа и дека нашите средношколци можат многу повеќе и затоа на NU ќе научат да заработуваат преку својот труд, знаење, идеи и проекти“, појаснува Ниновски.

Програмите се достапни за учење од училница или online.

Сите заинтересирани средношколци можат да дознаат детали и да се пријават на листата на чекање преку официјалната веб-страница на NU колеџот nucollege.ai.

(ПР)

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија