Утрински Весник
Спорт

Саудијците му нудат на Винисиус една милијарда евра од сезона

17271015043121.jpe
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Винисиус Жуниор, несудениот добитник на Златната топка, добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Не се наведува за кој клуб станува збор, но се тврди дека Бразилецот, би имал невидена плата во светот на спортот. Според „Футмеркато“, на Винисиус му бил понуден петгодишен договор вреден една милијарда евра по сезона.

Тоа би било четири пати повеќе од од она што годишно го заработува во моментов најплатениот фудбалер во светот, Кристијано Роналдо. Португалецот во Ал Наср има плата од 263 милиони евра годишно.

Бразилецот исто така би добил „одврзани раце“ да ја крои трансфер политиката, нешто што до пред неколку месеци го правеше Килијан Мбапе во ПСЖ.

Винисиус Жуниор би станал и заштитно лице на Светското првенство кое треба да се одржи во Саудиска Арабија во 2034 година.

Винисиус пристигна во Реал во 2018 година. Тој одигра вкупно 279 натпревари и постигна 91 гол. Тој освои две ЛШ и три шампионати на Шпанија. Минатата недела тој заврши на второто место на гласањето за Златната топка.

Известувајќи за нестварната пнуда што ја добил Бразилецот, шпанските медиуми пишуваат дека евентуалниот потпис на договорот би се случил по завршувањето на сезоната 2025/2026.

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи