Утрински Весник
Свет

Камала Харис гласаше на претседателските избори во САД: Мојот глас веќе патува за Калифорнија

20240828091536 Big 730x400 93.webp.webp

Потпретседателката на САД и демократска кандидатка за претстојните претседателски избори, Камала Харис, денеска им изјави на новинарите дека гласала на изборите, така што неодамна го пополнила гласачкото ливче и го испратила во Калифорнија, каде што е регистрирана како гласач.

-Всушност само го пополнив моето гласачко ливче и го испратив по пошта. Така што, јас гласав, им рече Харис на новинарите во Детроит, објави Си-Ен-Ен.

На прашањето дали гласачкото ливче е вратено, таа рече дека нејзиното гласачко ливче е на пат за Калифорнија и дека ќе му верува на системот дека таму и ќе стигне.

„Вашиот глас е ваша моќ“, потенцира таа на платформата Х, потсетувајќи дека изборите ќе се одржат на 5 ноември.

Можете да прочитате

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот Бен-Гвир порача „целиот Либан треба да гори“

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија