Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Манифестацијата „Празијада” е уште еден доказ дека Македонија изобилува со квалитетни земјоделски производи

Cvetan Tripunovski 03.11.png

„Манифестацијата „Празијада” е доказ дека Македонија изобилува со квалитетни земјоделски производи, бидејќи ова парче земја ни нуди доволно сончеви денови, богата почва и чиста вода за да произведуваме. Градошорци е село кое е најголем производител на праз во државата”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Преку овој настан се согледува и огромното значење за општина Василево, општината ги промовира карактеристиките и својствата на празот како здрав зеленчук, го доближува до граѓаните истовремено”, додаде тој.

Министерот Трипуновски посочи дека покрај промоцијата на празот, се овозможува на едно место да се соберат производителите, но и сите трговци, за да заедно најдат нови пазари за пласман на празот.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи и во иднина да поддржува вакви настани зашто преку нив се промовира локалниот туризам и производите кои се автентични за одредени делови на земјата”, нагласи министерот.

Можете да прочитате

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет