Утрински Весник
Спорт

Прв ангажман на Иванишевиќ по раскинувањето на соработката со Ѓоковиќ – ќе тренира една од најдобрите тенисерки во светот

20241101165050 Big 730x400 61.webp.webp

Горан Иванишевиќ, искусниот тениски стручњак и поранешен тренер на еден од најдобрите светски тенисери – Новак Ѓоковиќ, има нов ангажман, па во наредниот период ќе ја преземе улогата на тренер на Елена Рибакина.

Откако си замина од стручниот штаб на српскиот тенисер, хрватскиот стручњак и поранешен шампион на Вимблдон нема ангажман, па ова ќе му биде прва работа од март. Неговата улога доаѓа токму во моментот кога Рибакина се натпреварува во финалето на ВТА во Ријад, додека тој официјално ќе го преземе управувањето со нејзиниот тим на почетокот на следната сезона.

Московјанката, која настапува под знамето на Казахстан, во поединечна конкуренција оствари 330 победи и 141 пораз. Меѓу трофеите од Гренд слем турнирот го има и трофејот од Вимблдон кој го освои во 2022 година и моментално го држи петтото место на ВТА листата.

Покрај тоа, таа има осум титули, а највисокиот пласман во кариерата го постигна минатото лето кога беше третопласирана во светот.

Ќе видиме дали со Иванишевиќ ќе го подобри резултатот и ќе се вклучи во борбата за врвот на ВТА-листата, кој во моментов суверено го држи Арина Сабаленка со речиси двојно повеќе поени од Рибакина (9.016).

Горан Иванишевиќ претходно пет години беше во стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ.

Можете да прочитате

ФК Аеродром го реотвори новото современо фудбалско игралиште 

Атлетико Мадрид доживотно им забрани влез на „Метрополитани“ на девет навивачи

Нов ден, нов светски рекорд на Реган Смит