Утрински Весник
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЛГО НАЈАВУВАНИОТ СТУДЕН БРАН: Следната седмица наутро умерени мразеви и температури до -7 степени!

Meteoalarm.mk 3.png

Под влијание на долго најавуваниот значително постуден бран кој се спушта од север, од недела, па во текот на следната седмица температурите во Македонија ќе бидат пониски за 6 до 9 степени во споредба со сегашните. Сепак, и покрај ова продолжува сушниот период, односно стабилното и суво време без никакви врнежи, објави метеорологот Славчо Попоски.

За време на овој викенд ќе дува северен ветер, кој особено Долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет.

Следната седмица исто така ќе имаме многу постудени утра со појава на умерени мразеви, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Се на се, како што и претходно кажав, овој студен бран особено ќе го чувствуваме во ноќните и во утринските часови, кога ќе биде особено студено. Токму поради ова, за следната седмица доколку излегувате во утринските часови, задолжително ви препорачувам со себе да си ја понесете ваша топла облека, зошто навистина и тоа како ќе ви биде потребна.

Можете да прочитате

Васко Саздовски е Македонецот кој трагично загина во Нови Сад

Граѓаните на Македонија со повисоки очекувања за државата и политиката

Истрагата за случајот Крмзов при крај, вмешани и политичари