Ужас се случи во Нови Сад кога се урна влезниот дел од Железничката станица. Новинарските екипи кои се на терен известуваат дека станува збор за многу сериозен и трагичен инцидент и посочуваат дека на самиот влез од Железничката станица веќе има голем број возила на итната медицинска помош, пожарникари и полиција.
Се шпекулира дека во трагичниот инцидент има голем број повредени луѓе, меѓу кои и деца, нема други детали, ниту пак се посочуваат причините за уривањето на влезниот дел на железничката станица во Нови Сад.
Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.