Утрински Весник
Свет

Римската брана ја издржа поплавата во Валенсија: стара е 2.000 години

Screenshot 2024 11 01 065456.jpg

Страшните поплави во Шпанија однесоа многу животи, а сега на интернет кружат бројни снимки од хоророт што го снајде населението. Меѓу најневеројатните е онаа создадена во Арагон, која ја покажува силата на градба изградена пред околу 2.000 години.

Според пишувањата, браната во Алмонасид де ла Куба успеала да издржи голем наплив на вода.

На ужасното видео јасно се гледа со каква сила се соочуваат граѓаните на Шпанија.

Како што е наведено, таа била изградена пред околу 2.000 години по наредба на римскиот император Август.

Се наоѓа на реката Агвасвивас и е висока 34 метри, поради што се смета за највисока од сите зачувани римски брани

Можете да прочитате

Мадуро: Осум американски бродови со 1.200 ракети и подморница и се закануваат на Венецуела

Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет

Моди и Путин го потврдија посебниот однос помеѓу Индија и Русија