Утрински Весник
Спорт

Еурофарм Пелистер со прва победа во Лигата на шампиони

Eurofarm.jpg

 Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го совлада вечерва данскиот противник Фредериција на гостински терен со 25-23 и со тоа ја забележа првата победа во Лигата на шампиони во последните две сезони.

До премиерниот триумф Еурофарм Пелистер го предводеше голманот Никола Митревски со 15 одбрани, а најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Филип Кузмановски со пет голови.

По почетното водство од 1-0, Пелистер во продолжението на првиот дел постојано беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше (10-13).

Сепак, битолскиот состав фуриозно го почна второто полувреме, го презеде водството и во 45 минута имаше предност од 19-16, а во 51 минута и највисоки +4 (21-17).

Фредериција со серија од 4-1 го однесе натпреварот во неизвесна завршница, во која Еурофарм Пелистер ја сочува предноста и го забележа првиот триумф во Лигата на шампиони во која настапуваше и лани кога сезоната ја заврши без победа.

Со вечерашниот триумф Еурофарм Пелистер собра три бодови и се искачи на 6 место на табелата во групата А кое обезбедува пласман во плејофот.

Во следното, осмо, коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека вечерашниот противник пред своите гледачи во Битола, на 20 ноември. 

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига