Утрински Весник
Македонија

Документ на БГНЕС: Божиновска изјавила дека има бугарска самосвест

Bozinovska.jpg

Бугарската агенција БГНЕС објави документ за кои тврди дека министерката за енергетика Сања Божиновска го доставила при вадењето на бугарско државјанство.

Барањето според информациите до кои дошол медиумот било поднесено во 2004 година и во него таа го изразила своето убедување дека има бугарски идентитет и корени.

– Изјавувам дека имам бугарска национална свест и бугарско потекло. Ова, според БГНЕС, било напишано во изјавата од 2004 година, а агенцијата го има објавено и документот.

Во изјавата за аплицирање за бугарско државјанство, Божиновска навела и дека и нејзината мајка и нејзиниот татко се Бугари по потекло, наведува БГНЕС

Можете да прочитате

Андоновски: Започна Академијата за дигитални вештини на јавната администрација

35-годишник од Студеничани почина по струен удар

СВР Скопје ја откри и санкционираше жената која фрлаше отпадоци во Лепенец