Утрински Весник
Македонија

Трет ден граѓански протести во Кочани – Левица дава целосна подршка

Levica.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ПП Левица 

Во Кочани веќе трет ден има граѓанските протести предизвикани од револтот на граѓаните поради фактот што градската депонија веќе цела година е претворена во регионална. Исто толкав период депонијата гори и ги труе жителите на Кочани и околината.

Причина за граѓанскиот револт е фактот што на депонијата веќе втора година се презема сметот и од околните општини, и тоа без никаков надоместок, а јавното комунално претпријатие е во толку лоша состојба што нема капацитет да се справи со сервисирањето на обврските кон граѓаните на Кочани.

Во мај 2024 год. Советот на Општина Кочани донесе одлука да се изделат средства од буџетот на општината за да се набават алги кои би спречиле самозапалување на депонијата.

Место тендер за алги, беше распишан оглас за нов директор, четврти по ред во три години. На последната седница на Советот на општина Кочани одржана на 28.10. на Дневен ред се најде и точката за состојбата со депонијата, откако истата беше предложена и ставена на разгледување во текот на седницата на Комисијата за комунални работи од страна на советничката на Левица, Жаклина Филипова – Свеќаровска.

По истата беа усвоени повеќе заклучоци со кои Општината и јавното претпријатие се задолжуваат: Општина Кочани да ангажира, а во 2025 година и да набават соодветна механизација за да се сервисира отпадот на депонијата.

Да биде обезбедена постојана стражарска служба и да се почне со оградување на просторот бидејќи неовластени лица постојано престојуваат на депонијата и палат отпад за да заработат за преживување. Да се побара од надлежното Министерство да учествува во обезбедувањето услови депонијата да функционира без граѓаните тоа да го плаќаат со здравје и живот.

Левица го поддржува граѓанскиот_протест и потсетува дека не постои повисок интерес од јавниот, при што здравјето и животот на жителите на Кочани се највисок приоритет.

Можете да прочитате

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации