Утрински Весник
Свет

Маск повикан во суд поради делењето пари преку лотарија на гласачите на изборите во САД

Mask.jpeg

Судија во Филаделфија му нареди на милијардерот Илон Маск да се појави пред суд на сослушување во врска со делењето по еден милион евра на регистрираните гласачи во таканаречените колебливи држави на САД.

Обвинителите од Филаделфија се изјаснија против иницијативата на Маск да подарува милиони преку лотарија, по што беше поднесена тужба.

Канцеларијата на градското правобранителство го нарече доделувањето средства на политичкиот акционен комитет основан од Маск како „нелегална лотарија“ што ги намами жителите на Пенсилванија да споделуваат лични податоци.

Маск вети дека ќе дава по еден милион долар секој ден на регистриран гласач кој исто така ја потпишал неговата онлајн петиција за слобода на говор и право на носење оружје.

Правните експерти се поделени околу тоа дали доделувањето готовина ги прекршува федералните закони, според кои плаќањето или понудата да се плати лице за да се регистрира за гласање е кривично дело.

Маск ја поддржува претседателската кандидатура на Трамп.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење