Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Каде бил Христовски на денот кога тврди дека полагал англиски јазик?

Sdsm 1.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

СДСМ поднесе иницијатива со којашто бараме свикување на отворена седница на собраниската Комисијата за надзор над работата на АНБ.

На ова седница, отворена за јавноста треба да биде поканет директорот на АНБ и да даде одговор на сите прашања и основани сомнежи за неговото незаконско поставување, но и основани сомнежи за прекршување на законите.

Едно од тие прашања е врз основа на информацијата којашто е доставена до нас од свиркачи за тоа каде бил Бојан Христовски на денот кога тврди дека полагал за сертификат по англиски јазик?

Одговорот на ова прашање очекуваме да ги потврди основаните сомнежи за овој скандал.

Седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ е неопходна за јавноста да може да се увери дека после оставката на членовите на Комисијата за помилување, треба да следи уште една оставка на Бојан Христовски а потоа и да следи одговорност.

Можете да прочитате

Откриен нов случај на птичји грип кај дива гуска во Злокуќани

Министерката Божиновска тврди дека има само македонско и чешко државјанство и дека нема важечки бугарски документи

Општина Карпош додели парични стипендии за 85 основци – талентирани ученици и спортисти