Утрински Весник
Свет

Кина бара СТО да реагира поради новите европски давачки за електрични возила

20241030105648 Big 730x400 25.webp.webp

Кина соопшти дека покренела прашање за трговскиот спор со ЕУ пред Светската трговска организација (СТО), поради одлуката на Брисел да воведе царински давачки на електрични возила од Кина, што Пекинг го нарече „протекционистички потег“.

Европската комисија усвои правила за дополнителни царински давачки за кинеските електрични возила, поради сомнеж за создавање на нелојална конкуренција. И покрај отпорот на Германија, Брисел одлучи да воведе дополнителен данок до 35 отсто над веќе постоечките 10 отсто за кинеските електрични автомобили.

Одлуката, која ќе важи пет години, беше објавена вчера во Службениот весник на ЕУ.

– Кина не го прифаќа ова решение и презеде мерки во рамките на механизмот за решавање спорови на СТО, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за трговија.

– Кина ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за заштита на законските права на кинеските компании, изјави портпаролот, критикувајќи го „протекционистичкиот пристап“ на ЕУ.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков