Утрински Весник
Скопје

Герасимовски врачи 33 стипендии за извонредни успеси во областа на науката, техниката и посебните вештини

Whatsapp Image 2024 10 30 At 12.41.18 401b9447.jpg

Општина Центар додели 33 стипендии на учениците од основните училишта за постигнатите резултати на државните и меѓународни натпревари, со цел да ги поддржи и мотивира за понатамошен напредок во науката, техниката и посебните вештини.

„Го препознаваме талентот кај нашите млади и инвестираме во развивање на нивните способности. Вложувајќи во нивниот потенцијал, вложуваме во прогресот и иднината” истакна градоначалникот Горан Герасимовски, кој лично им ги врачи стипендиите на учениците на свечената приредба организирана во ООУ „Киро Глигоров” по повод Денот на општината.

Стипендиите, во износ од 3.000 и 3.500 денари месечно, ќе се исплаќаат до крајот на учебната година.

На настанот беа доделени и пофалници за најдобрите ликовни и литературни творби на тема „Мојот Центар, мојот мал свет”.
Покрај стипендиите за наука, техника и посебни вештини, вчера Герасимовски врачи и 46 стипендии на надарените ученици од областа на културата.

Општина Центар ќе продолжи да вложува во стипендирање на учениците со постигнати резултати на градски, републички и меѓународни натпревари, бидејќи тоа е влог во иднината и просперитетот.

Можете да прочитате

Герасимовски: 1.500 пријавени пензионери на повикот за доделување еднократна парична помош

Поради дефект делови од една општина денеска без вода

Саем на креативни индустрии денеска во „Лабораториум“ од 10 до 18 часот