Утрински Весник
Скопје

Теа Таировиќ најави невиден спектакл во Арената “Борис Трајковски” – Ќе биде ноќ за паметење

Img 20241029 Wa0003 1.jpg

Една од најпопуларните српски пејачи во моментов, Теа Таировиќ на 30 ноември ќе одржи спектакуларен концерт во Арената Борис Трајковски во Скопје во склоп на нејзината турнеја “Нека гори Балканот”.

На денешната прес конференција која се одржа во прес центарот на арената Борис Трајковски, атрактивната пејачка најави спектакл за македонската публика.

Теа пред српските и македонски новинари истакна дека колку и да патува било каде секогаш со задоволство се враќа во Македонија, а за македонскиот народ рече дека се вистински домаќини и дека овде е пречекана како да им е роднина во најмала рака.

Најави дека на концертот во Скопје македонската публика може да очекува дека ќе пее со нејзиното срце, а она што е посебно интересно е податокот кој го соопшти самата, а тоа е дека на повеќето настапи или концерти низ дијаспората, македонската публика е најбројна, па како што вели, “Публиката веќе знае што може да очекува од Теа Таировиќ”.

Меѓудругото најави и повеќе изненадувања и гости на самиот концерт,богата сценографија и програма која ја видела белградската публика, а сега истата можност ќе ја има и македонската публика.

За потсетување, Таировиќ пред една година одржа концерт во Скопје, во спортскиот центар Јане Сандански, а оваа година со далеку побројна публика во поголем простор, во арената “Борис Трајковски”.

Можете да прочитате

Герасимовски: 1.500 пријавени пензионери на повикот за доделување еднократна парична помош

Поради дефект делови од една општина денеска без вода

Саем на креативни индустрии денеска во „Лабораториум“ од 10 до 18 часот