Утрински Весник
Македонија

Дурмиши во посета на Турција: Наш фокус е зајакнување на трговската соработка

464914988 1150726059824098 663880229572198684 N.jpg

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамки на посетата на Анкара, Република Турција денеска оствари средба со министерот за трговија на Турција Омер Болат.

На средбата која што се одржа во Министерството за трговија  во Анкара, беше разговарано за трговските и економските односи помеѓу Турција и Северна Македонија, како и за развивањето и продлабочувањето на овие односи.

Страните на овој состанок се осврнаа и на можностите за соработка меѓу двете земји, а беше упатен и апел за зголемување на инвестициите.

Министерот Дурмиши на состанокот информираше дека Република Турција е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и земја која континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори како стратешки инвестициски партнер.

“Податоците за трговска размена покажуваат дека Република Турција минатата година е рангирана на 7-то место на листата на земји со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Се надевам дека во наредниот период оваа соработка дополнително ќе се продлабочи“, кажа министерот Дурмиши на средбата

Двајцата министери разговараа и за поголемо учество на турските фирми во македонски инфраструктурни и енергетски проекти во насока на зголемување на инвестициите во Северна Македонија.

Можете да прочитате

Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Кралството Данска

(Видео) Филипче во Собрание покажа нови докази дека Христовски е незаконски поставен за директор на АНБ

Мицкоски до Филипче: Ако сакате да одиме на избори, да се провериме