Утрински Весник
Македонија

Почнува ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 – фокусот годинава е на зелени решенија и иновативни технологии

20241028181329 Big 730x400 5.webp.webp

Во Арената „Борис Трајковски“ денеска ќе биде отворен Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024. Оваа саемска манифестација што ја организира Скопски Саем, ќе трае до 31 октомври.

На отворањето на саемот, како што најавија организаторите, ќе присуствуваат првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, 

Саемот ќе биде отворен за посетителите секој ден од 10.00 до 18.00 часот. 

ЕНЕРГО ТЕХНОМА оваа година е посветен на зелени решенија и иновативни технологии, со цел да ги истакне најновите технолошки достигнувања и стратегии за справување со глобалните енергетски предизвици. За време на трите дена од саемот, ќе се претстават повеќе од 30 компании од земјава и од регионот, кои ќе ги презентираат своите производи, технологии и услуги, фокусирани на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, автоматизација и модерни технолошки процеси.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 претставува и уникатна можност за деловна посета на компаниите од овие индустрии и размена на идеи и контакти меѓу професионалците, како и проширување на бизнис мрежите во насока на дефинирање на идните технолошки насоки за обликување на индустриите во иднина и придонес кон подобра енергетска иднина. Од друга страна, посетителите ќе имаат можност да ги видат најновите енергетски технологии, машини и индустриски опрема и да проследат презентации, програма на изложувачите, трибини и панел дискусии со експерти од областа за актуелните трендови во енергетската индустрија, одржливите извори на енергија и иновациите во производството.

Можете да прочитате

(Видео) Филипче во Собрание покажа нови докази дека Христовски е незаконски поставен за директор на АНБ

Мицкоски до Филипче: Ако сакате да одиме на избори, да се провериме

ИЈЗ: Нови 42 случаи на грип во државава