Утрински Весник
Скопје

Утре без струја и вода повеќе делови од Скопје

Voda Struja.webp.webp

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:

– од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од бул. „Србија 1“ (општина Аеродром)

– од 09:00 до 13:00 часот, дел од потрошувачи на ул. „Скупи“, дел од објектите околу сервис Олимпико (општина Карпош)

– од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел село Орешани (општина Зелениково).

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје, пак, известуваат дека утре:

– поради реконструкција на водоводна мрежа на ул. „Стогово“, прекинато ќе биде водоснабдувањето од 09:00 часот до завршување со работните активности за корисниците од истата улица.

– поради дефект на затворач ф-80 мм на ул. „Киро Крстевски Платник“ 21, прекинато водоснабдување од 09:00 часот до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од ул. Апостол Гусларот.

Можете да прочитате

Арсовска: Апелирам, Јавното обвинителство да не биде политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Скопје од 26 до 29 јуни ќе биде домаќин на Европското првенство во џудо за кадети

Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем