Утрински Весник
Свет

Американскиот кардиолог доби 158 години затвор: намамувал жени на „Тиндер“ и ги силувал

Screenshot 2024 10 28 112520.jpg

Стивен Метјус, поранешен кардиолог од Денвер, Колорадо, беше осуден на 158 години затвор откако беше прогласен за виновен за серија злосторства врз десетици жени.

Помеѓу 2019 и 2023 година, Метјус дрогирал, сексуално напаѓал и силувал бројни жртви кои ги запознал преку апликации за запознавање како Тиндер. Неговите злосторства станаа јавни кога една жена го пријавила нападот откако биле заедно, охрабрувајќи ги другите жртви да излезат на виделина.

Во август, поротата го осуди Метјус дека намамил жени во неговиот дом во западен Денвер додека биле на состаноци, а потоа им ставал дрога во пијалоците. Многу од жените рекоа дека имаат само спорадични сеќавања за тоа што се случило откако се виделе со Метјуз. Некои сведочеа дека откако се освестиле се нашле голи во кревет додека Метјус ги силувал.

На судењето, кое започна во јули 2024 година, 11 жртви сведочеа за тешките ефекти од нападот, вклучувајќи губење на свеста и симптоми на посттрауматско стресно растројство. Судијата Ерик Џонсон го опиша Метјус како „сексуално насилен предатор“ и ја нагласи штетата што тој ја нанел на заедницата. Државниот обвинител Бет МекКен го изрази своето задоволство од пресудата, нагласувајќи ја важноста од поддршката на жртвите и правдата што беше постигната во овој случај преку нивниот храбар став, пренесува CBS.

Во образложението на пресудата се наведува дека ова е силна порака за решеноста на правосудниот систем да ги заштити жртвите и сериозно да ги санкционира сторителите на ваквите кривични дела.

Можете да прочитате

Објавена фотографија од атентаторот во Австрија, пукал од 500 метри оддалеченост?!

Трагедија во Бразил: Поради пиротехника изгоре навивач, неколкумина се повредени

Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу Унгарија, Србија, Македонија и Грција