Утрински Весник
Свет

Мохамади примена во болница – 24info.mk

20241028111642 Big 730x400 17.webp.webp

Иранските власти дозволија добитничката на Нобеловата награда за мир за 2023 година, Наргес Мохамади да биде примена во болница, откако таа се чувствува лошо речиси девет недели, соопшти синоќа Коалицијата за ослободување на Нагрес.

Според Коалицијата Мохамади мора да биде испратена на лекување поради повеќе здравствени проблеми. Оттаму додаваат дека испраќањето во болница нема да биде доволно за да се решат тешките здравствени проблеми предизвикани од месеците кога беше лишена од лекување.

Мохамади отслужува казна во озлогласениот ирански затвор за политички затвореници Евин. Таа веќе отслужи казна од 30 месеци, на која во јануари и беа додадени уште 15 месеци.

Иранските власти пред два дена и одредија дополнителна шестмесечна казна на Мохамади, откако таа протестираше против егзекуцијата на уште една жена политички затвореничка во Евин на 6 август.

Коалицијата за ослободување на Наргес најави дека ќе продолжи да се залага за нејзино безусловно ослободување и целосен пристап до медицинска нега.

Мохамади е 19-та жена што ја добила Нобеловата награда за мир и втора Иранка, по бранителката на човековите права Ширин Ебади, која ја доби наградата во 2003 година. 

Можете да прочитате

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико