Утрински Весник
Македонија

Комисијата за здравство го одбележува месецот за подигнување на свеста за рак на дојка

Cancer.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во организација на Комисијата за здравство, денеска во Собранието ќе се реализира активност за одбележување на месецот за подигнување на свеста за рак на дојка.

Предвидени се обраќања на собранискиот претседател Африм Гаши, претседателката на Комисијата за здравство, Рашела Мизрахи, советникот за здравство на премиерот, Игор Николов, како и на министерот за здравство Арбен Таравари.

На темата ќе зборуваат и претставничката на СЗО, Маргарита Спасеновска, претставничката на УНФПА, Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата и Јованка Брајовиќ-Григоријевиќ, Мирјана Бабамова од здружението „Фемина М“, како и Лиридона Лимани од здружението „Езра“.

Исто така, предвидено е учество и на лица од Универзитетскиот институт за радиологија, Светлана Темелковска, претседателка на Националната комисија за скрининг и рана детекција на рак на дојка, од Институтот за патологија – Медицински факултет – Скопје, Магдалена Богдановска – Тодоровска, патолог, од Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика, Медицински факултет, УКИМ – Скопје, Весна В. Стефановска и од Градската општа болница „8 Септември“ – Маја Јакимовска.

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име