Утрински Весник
Македонија

УЖИВАЈТЕ ДОДЕКА МОЖЕТЕ: Натпросечно високите температури ќе се задржат и оваа работна недела!

Meteoalarm.mk 65.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, која условува натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот, ќе се задржи и во текот на оваа работна недела. Времето ќе биде сончево, повремено со појава на мала локална облачност.

Само во среда попладне ќе има услови за слаб локален и краткотраен дожд. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во утринските часови пак по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени, додека во југоисточните предели, особено денес и утре максималната температура ќе се искачи околу 26, 27 степени. Во Скопскиот регион ќе имаме слично време како и во останатиот дел од Македонија. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 22 и 26 степени.

Што се однесува до температурите наутро, тие до средината на неделава ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 2  и 8 степени, а потоа постепено ќе опаѓаат.

Можете да прочитате

Левица со предлог закон да нема отказ при бременост

Во ќелијата на газда Деко бил најден мобилен телефон

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов