Утрински Весник
Свет

Израелската армија во контролирана експлозија уништи резерви на оружје на Хезболах

20241026095953 Big 730x400 52.webp.webp

Во северниот дел на Израел утрово беа издадени предупредувања за земјотрес по контролираната експлозија на резерви на оружје на либанската милитантна група Хезболах од страна на израелските сили.

Израелската метеоролошка служба соопшти дека издала предупредување за земјотреси откако мерните уреди регистрирале земјотрес по поголема контролирана експлозија што утринава била извршена на северот на Израел, пренесе порталот Инет.

Во експлозијата биле уништени резерви на оружје на Хезболах, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Земјотрес со магнитуда од 7,4 ја погоди Камчатка

Тајлер Робинсонe осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Уапсен е осомничениот за убиството на Кирк, објави Трамп