Утрински Весник
Економија

Јавен повик за кофинансирање на комбајни за ориз и мобилни сушари

20230913140838 Big 730x400 92.webp.webp

Со модернизација на механизацијата земјоделството во Македонија може да напредува. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој им излегува во пресрет на земјоделците да ја обноват својата механизација.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик 5/2024 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.

Јавниот повик се однесува на мерката 121, за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 600.000 денари.

Крајниот рок за доставување на барањата е 14.11.2024 година.

Право на користење на средства имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите е минимум производствен капацитет од над 1 ха површина под ориз.

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025