Утрински Весник
Свет

Зеленски одби средба со Гутереш по неговата посета на Русија

Zelenskij 87567.jpg

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за посета на Киев поради неговото присуство на средбата на БРИКС во рускиот град Казан.

– По Казан, тој (Гутереш) сакаше да дојде во Украина, но претседателот не го потврди тоа поради ’понижувањето’ што му е нанесено на меѓународното право во Казањ, изјави висок претставник на украинското претседателство.

Гутереш вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во рамките на самитот на БРИКС, на кој учествуваа и лидерите на Индија и Кина. Во разговорот со Путин, генералниот секретар на ОН повторно ја изразил својата „позиција дека руската инвазија на Украина“ е „нарушување“ на меѓународното право, според изјавата на неговиот портпарол.

Засега Кремљ нема дадено информации за разговорот зад затворени врати.

Пред средбата со Путин, Гутереш повторно повика на праведен мир во Украина пред учесниците на форумот БРИКС.

Уште пред оваа билатерална средба, Киев остро го критикуваше „лошиот избор“ на Гутереш да го посети Казањ, оценувајќи дека тоа „само ја наруши репутацијата на ОН“. 

Можете да прочитате

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција