Утрински Весник
Македонија

Николовски – Стамнова: Со еден клик Централниот регистар ќе има евиденција за царински долг, се интензивираат активностите за електронска размена на податоци

1729865250 1 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Царинската управа и Централниот регистер ги интензивираат активностите потребни за  надградба на едношалтерскиот систем на Централниот регистар при што Царинската управа ќе им овозможи електронски пристап до базата на податоци за платени увозни давачки. Ова беше главната тема на денешниот состанок помеѓу директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Централен регистар, Анита Стамнова. Интенцијата е граѓаните и фирмите да не мораат да доаѓаат во Царинска управа да вадат потврди дека немаат доспеан неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки коишто им се потребни при уписи во Централниот регистар.

Директорите истакнаа дека ваквите активности се во насока на подобрување на условите за водење бизнис при што и двете институции ќе работат на унапредување и олеснување на постапките преку нивна целосна дигитализација.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе